„Еве кои факти не ги слушнавте во пофалниот говор на Зоран Ставрески, за Буџетот за 2015 година.
-Ова е само уште еден Буџет предложен од власта на Груевски и што ќе создаде нови 50 илјади сиромашни семејства, кои нема да можат да ги платат своите сметки.
-Ова е само уште еден Буџет што ќе создаде нови задолжувања за граѓаните и ќе го подигне растот на веќе неиздржливиот јавен долг на приближно 60 проценти“, рече на денешната прес-конференција Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии, СДСМ.
„Еве што е нереално во најавите на Ставрески и Владата:
-За 2015 година тие планираат вкупни приходи од над 163 милијарди денари. Зошто е илузија? Зашто за време на истиот Зоран Ставрески, откако е министер, 7 години досега, вкупните приходи не надминале 140 милијарди денари. Оваа година, до август, вкупните приходи изнесуваат само 92 милијарди денари. Со ова темпо до крајот на годината повторно ке останат на нивото од 140 милијарди денари. Убаво би било да се слушнеше на што го темели оптимизмот Ставрески дека годинава наплатата ќе му биде поголема, кога со сите казни што ги воведоа од година во година е се полошо – затоа што се исцедени и граѓаните и фирмите.
-Владата, за 2015 најави капитални расходи над 21 милијарда денари. И за 2014 влада планираше над 21 милијарда капитално трошоци. Но еве ја реалноста. До август годинава, за 8 месеци, за капитални проекти се потрошени 10 милијарди денари. На 4 месеци до крајот на 2014 не се реализирани ни 50 проценти од планот за проектите што можат да ја придвижат економијата. Зошто? Овој одговор Ставрески го должи на граѓаните. Бидејки не го кажа во пофалниот говор во Собранието.
-Она што секогаш, со сигурност, оваа Влада го исполнува и надминува од буџетските проекции е дефицитот. Власта планира дефицит од над 18 милијарди денари, што исто како и сите претходни години ќе биде надминат за неколку милијарди. Со тоа ќе биде срушен досегашниот рекордот на дефицитот, од претходната година, кога се крена на над 19 милијарди денари или во евра, 313 милиони евра. Зошто ќе биде надминат овој рекорд – бидејќи само до август годинава, власта креирала буџетски дефицит од 276 милиони евра. Според оваа динамика, до крајот на годината, ќе ја надмине границата од 330 милиони евра и ќе помине далеку над 4 проценти од БДП.
Буџетот за 2015 година, како и сите претходни 8 години, сепак мисли на една група граѓани: малата група олигарси околу Груевски и Ставрески, кои и во 2015 ќе го продолжат трендот на сопствеништво во сите профитабилни компании во Македонија.
Раст и развој на економијата и подобар живот за граѓаните и во 2015, за жал нема да има“, изјави Кире Наумов.