(ВИДЕО) Сарачини: Струјата ќе поскапува, граѓаните да научат да штедат

Од:

„Државата во своите институции до 2018 година ќе се вложи 400 милиони евра за да ја подобри енергетската ефикасност во објектите, со што би се кумулирале двојни заштеди“, изјави министерот Сарачини на денешната трибина „Финансирање на енергетска ефикасност и обновлива енергија – ретроспектива и развојни препораки“.

„Потребно е домаќинствата и граѓаните да разберат дека за секој вложен денар во енергетска ефикасност се враќаат три денари добивка и тоа мора да го сфатиме сите“, истакна Сарачини.

Министерот за економија потсети дека лани преку ГЕФ проектот се реконструирани 18 училишни обејкти во шест општини, при што е направена целосна замена на фасадите, комплетна изолација и замена на сите светилки и прозори, како и инсталирање на ново централно греење. Во втората фаза од овој проект опфатени се уште 16 училишта кој до февруари идната година треба да бидат завршени.

Министерството, додаде Сарачини, петта година по ред ќе објави јавен повик за субвенционирање за инсталирани сончеви колектори.

„Мерката се покажа како добра. Досега субвенционирани се околу 2.000 домаќинства, а само лани имавме над 2.500 барања од граѓани, а субвенционирани се само 500 согласно буџетот. Заштедата на годишно ниво од еден инсталитран сончев колектор е од 12.000 до 15.000 денари, рече Сарачини и очекува поголем интерес, но и поголем буџет за следната година“, заклучи министерот.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови