ВИДЕО: Повисок раст преку подобар човечки капитал, 30 милиони евра од СБ за подобрување на социјалните услуги

Од:

Македонија и земјите од Западен Балкан треба да презамат реформи сега за подобрување на човечкиот капитал, за тој да биде на светско ниво и да придонесе кон поголем економски развој. Македонија со 30 милиони евра од Светска банка ќе спроведе проект за подобрување на човечкиот капитал. Договорот е потпишан од Светска банка, Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика, а активностите ќе ги спроведува МТСП.

Почетокот на проектот беше објавен денеска на Конференцијата „Поттикнување на економскиот раст преку вложување на човечкиот капитал во Западен Балкан“ што денеска се одржа во организација на Министерството за финансии и Светска банка.

– Денеска на овој значаен 25-годишен јубилеј од соработката со Светка банка и во духот на темата што ја отвораме на оваа конференција беше презентиран договорот потпишан помеѓу МТСП заедно со Министерството за финансии и Светската Банка во висина од 30 милиони евра за детска и социјала заштита. Мора да ги штитиме децата бидејќи тие се нашиот влог и капитал за иднината, рече премиерот и додаде дека мора да се обезбедат достоинствени услови за живот, а оние што ги немаат и да им овозможиме еднакви стартни основи за успех во животот.

Порача дека образованието мора да се реформира и да се понуди квалитетна образовна програма што ќе ги искористи и дополнително ќе ги унапреди потенцијалите и талентите на нашите деца за да израснат во подготвени и спремни кадри за пазарот на трудот.

– Првите чекори се направени, укинато е непотребното екстерно тестирање, зголемени се платите во образованието за пет отсто и подготвен е Законот за основно образование, рече премиерот.

Потеницира дека заложбите на Владата се во правец на еднакви можности за сите, затоа што секој граѓанин е важен.

Целта што сакаме да ја постигнеме е финалниот ефект од спроведувањето на економските политики да биде почувствуван од секој граѓанин како остварена економска корист или право, што во крајна линија треба да се рефлектира како покревање на животниот стандард на граѓаните. Веруваме дека економски стабилни семејства и граѓани се силен столб на едно општество кои понатаму преку својата работа, таленти и труд можат да придонесат за раст и развој на општеството, посочи премиерот Заев.

Она што му треба на регионот, според потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, е човечки капитал, кој е најдобар, бидејќи идниот просперитет на регионот ќе зависи од способноста на овој регион да има човечки капитал на светско ниво.

Според него, согласно сегашната состојба во земјите од Западен Балкан детето родено денеска ќе има 60 години кога ќе го достигнеме просекот од ЕУ.

– Земјите треба храбро да дејствуваат во подобрување на вештините. Фокусот треба да биде ставен на квалитетот на образованието и раниот детски развој, рече Мулер.

Според него, со правилни политики и робусна имплементација во Светска банка очекуваат дека земјите од Западен Балкан ќе можат да постигнат вистински напредок за да го премостат јазот кон европските стандарди.

Изрази надеж дека тоа ќе се случи во текот на неколку генерации.

Светска банка има вложено 433 милиони долари во проекти за развој на човечки капитал во Македонија, соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, напоменувајќи дека станува збор за вештини и иновации, модернизација на образованиот сектор, реформа на средното техничко стручно образование, доделување училишни грантови, изградба и реконструкција на училишта и градинки.

Потенцира дека политиките треба да се менуваат и треба да се инвестира во луѓето, при тоа посочувајќи дека во изминатите години инвестициите во човечки капитал во земјава не биле доволни.

– Кога пред година и половина нашата Влада стапи на функција како приоритети ги поставивме здравството, образованието и социјалата. Ова се столбовите на нашето општество. Како министер сум убеден дека средствата во овие полиња не смееме да ги гледаме како трошок. Напротив станува збор за вложувања што ќе имаат принос на долг рок, потенцира министерот Тевдовски и додаде дека Светска банка во оваа година и половина е значаен сојузник во реформите во јавнните финансии.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада