(ВИДЕО) Попова: До 2020 година водата во Скопје ќе поскапи за цели 35 отсто

Од:

Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ и Петре Шилегов удрија по џебот на граѓаните и дека водата во Скопје до 2020 година ќе поскапи за цели 35 отсто.

– Овој е предлог потпишан од Петре Шилегов кој ќе го достави до советот на град Скопје и предвидува покачување на водата по повеќе основи. Оваа одлука предвидува дека во 2018 година ќе имаме покачување и на ставката за собирање и одведување на урбани и отпадни води, што ќе влијае на целокупната сметка за вода. Со оваа покачување цената на водата до 2020 година ќе скокне за повеќе од една третина од сегашната, односно на годишно ниво наместо 12, граѓаните на СДСМ ќе треба да му плаќаат 16 сметки за вода, рече Попова.

ВМРО-ДПМНЕ побара Петре Шилегов веднаш да ги повлече предлозите за покачување на цената на водата по сите основи.

-Скопјани не смеат да бидат жртва на погубните и безидејни политики на СДСМ. Власта удира по најсиромашните. Покачувањето на водата е данок за сиромашните граѓани, кои од своите џебови ќе треба да ги финансираат партиските вработувања на СДСМ и Шилегов. Почитувани, ова е постизборна измама. Ниту СДСМ, ниту Шилегов за време на кампањата за локалните избори не ветија покачување на цената на водата. СДСМ и Шилегов ветуваа инвестиции, подобар живот и квалитетна животна средина. Шилегов ветуваше експресно решавање на загадувањето. Ништо од ова не е случај, наместо подобар живот граѓаните ќе плаќаат повисока вода, повисока нафта и поголеми даноци, рече Попова.

Таа изјави дека е лицемерно однесување на СДСМ, која бараше намалување на цената на водата додека беше во опозиција, а сега ја покачува.

– Водата не смее да поскапува. Граѓаните не се должни да ги финансираат партиските вработувања на СДСМ, рече Попова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните