ВИДЕО: Поевтина струја за цели 0,33 отсто

Од:

Крајната цена на струјата за корисниците поевтинува за незначителни 0,33 отсто. Првиот човек на регулаторна Димитар Петров денеска соопшти дека донеле одлука да се намали цената по направенети пресметки.

Граѓаните со новото намалување ќе плаќаат сметки за струја каде нема да го почуствуваат поевтувањето и нема да се одрази врз семејниот буџет.

Па така корисник кој плаќал сметки за струја од 1000 денари месечно со новото намлување ќе плаќа 997 денари или за сметка од 2000 денари за потрошена електрична енергија ќе плати седум денари помалку.

Првиот човек на регулаторна Петров не гледа политика во незначителното намалување на цената на струјата со оглед на најавените избори во април. Според него метдологијата за пресметка не познавала политика.

Петров не даде прецизен одговор каква би била цената на на струјата доколку од први јануари годинава се либеризираше пазарот на електрична енргија во земјава.

Една од главните причини за одложувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија беше можноста од драстично зголемување на цената за струјата за домаќинствата што освен економски ќе имаше и политички реперкусии за актуелната владеачка гарнитура.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски