(ВИДЕО) Николовски: Предлог буџетот за 2018 за враќање на достоинството на земјоделците

Од:

Буџетот за земјоделство за следната година изнесува 10,1 милијарди денари и со него ќе се обезбеди навремена и целосна исплата на субвенциите, а има планирано и повеќе средства за зголемување и заштита на шумскиот фонд.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција во Владата посочи дека предлог-буџетот е креиран врз принципот на домаќинско и рационално трошење и оти со него ќе се обезбеди навремено сервисирање на тековните потреби на секторот, пред се на земјоделците и агробизнисмените.

– Унапредувањето на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини и производство, е еден од клучните приоритети на Владата. Затоа при креирањето на Предлог Буџетот за 2018 година за секторот земјоделство, посветивме големо внимание на мерките преку ќе ја постигнеме оваа наша цел.

На денешната прес конференција ќе го презентирам вкупниот буџет за секторот земјоделство. Овој сектор подразбира неколку институции кои имаат посебни буџети, но сите имаат важен придонес во развојот на земјоделството.
Конкретно, тоа се Минитерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Платежната Агенција, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Вкупните основни предлог буџети на сите седум институции за следната година се во износ од над 10,1 милијарди денари. Предлог буџетите на овие институции се планирани така да можат да обезбедат сервисирање на тековните потреби на секторот земјоделство, пред се на земјоделците и агробизнисмените, а по принципот на домаќинско и рационално трошење. Сумата за секоја ставка е планирана според потребите онолку колку што покажаа анализите, дека реално се потребни пари за одреден земјоделски сектор.

Основниот буџет на министерството изнесува околу 643 милиони денари. При креирањето се посвети особено внимание на финасирање на клучните проекти преку ставката капиталните расходи особено во делот на системите за наводнување, непречено сервисирање на тековните обврски за исплата на плати, камати, кредити и членарини во меѓународни институции, финансирање на клучни Програми преку ставката субвенции и трансфери, и кратење на непродуктивните трошоци.

На инфографикот се заблежува дека најголем е Предлог буџетот за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или 8,6 милијарди денари. Од оваа сума 8,4 милијарди денари се предвидени за Директна финансиска поддршка во земјоделството и за рурален развој.Со планираната директна финансиска поддршка од 6,6 милијарди денари, ќе го унапредиме и зголемиме земјоделското производство и ќе овозможиме навремена и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни.

Преку Програмата за рурален развој, ќе инвестираме над 1,8 милијарди денари во создавање на производи со висока додадена вредност, модернизирање на агро-секторот и развој на руралните средини.
Во споредба со ребалансот на Буџетот за оваа година, за следната 2018 година обезбедуваме четири пати поголем буџет за Програмата за проширена репрудукција нашумите. Поточно 21 милиони денари ќе намениме за зголемување и заштита на шумскиот фонд.

За 50 отсто ја зголемивме сумата за Заштита на растенија, семе и саден материјал, со што ќе се зголеми фитосанитарниот мониторинг. На тој начин обезбедуваме поголема сигурност на примарните земјоделски производи во однос на присуство на штетни организми, што е важно за поголем извоз на европските пазари и обезбедување на висок квалитет и безбедност на примарните земјоделски проиозводи .

За 60 проценти ја зголемивме сумата во предлог Буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство за Програмите за Ветеринарно-здравствена заштита и за Безбедност на храна.Овие програми се од исклучително значење за здравјето на животните, како и за здравјето на луѓето преку обезбедување и гарантирање на квалитетни и безбедни производи за храна.

Од друга страна, водејќи се од главните начела на Владата, за половина милион евра ги намаливме непродуктивните трошења, како што се расходите за патни и дневни трошоци, затоа што нашата цел е јасна, парите ги враќаме кај граѓаните.

Со Предлог буџетот за секторот земјоделство ќе обезбедиме целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделството, поголемо производство на домашни квалитетни и безбедни земјоделско-прехрамбени производи, ќе го вратиме доистоинството на македонскиот земјоделец, затоа што само така ќе го направиме македонскиот аграр модерен, конкурентен и по европски стандарди, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година