(ВИДЕО) Николова: ЛДП подготвува измени на Законот за трговија

Од:

„Либерално Демократската Партија се залага за целосно изедначување на статусот на работниците во приватниот сектор, со статусот на вработените во државните институции.

Согласно Законот за трговија, денес, останатите празници, но и во неделите голем дел од трговските објекти работат.

За да се спречи ваквиот нееднаков третман ЛДП подготвува измени на Законот за трговија, кој ќе обезбеди неделите и празниците да бидат неработни за сите вработени во трговијата на мало, како што се продавниците, дуќаните и големите трговски центри, но и за вработените во трговијата на големо“, рече претседателката на Форумот на жени на ЛДП и пратеничка Јулиана Николова.

„Сметаме дека поминувањето на повеќе време со семејствата е од големо значење за квалитетот на животот на поединецот, како и за целото општество.

Измените што ги предлагаме ќе придонесат за подобрување на условите за работа во приватниот сектор, за сметка на атрактивноста на државната администрација.

Нa овој начин ќе се зголеми продуктивноста на работниците, ќе се намалат обврските и трошоците на работодавачите, но и ќе се оневозможи нелојалната конкуренција.

Предлогот доаѓа од Форумот на жени на ЛДП, бидејќи морам да нагласам дека, најголем дел од вработените во трговија се жени, за кои, со оглед на семејните обврски, слободната недела и празниците се од исклучително значење.

Со оваа предлог измена се следи трендот на развиените европски земји, кои одат чекор подалеку и гарантираат соодветна рамнотежа помеѓу работните обврски и семејството. Овој принцип веќе го имаат воведено Германија, Австрија, Швајцарија и многу други земји членки на Европската унија.

Либерално демократската партија за овој законски предлог, кој наскоро ќе влезе во собраниска процедура, очекува поддршка од колегите пратеници и од владејачкото мнозинство и од опозицијата“, изјави претседателката на Форумот на жени на ЛДП и пратеничка Јулиана Николова.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата