(ВИДЕО) Николоски: Власта на Заев си го покажа вистинското лице, не ги прифатија предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за помош на лозарите, помило им е да трошат на чоколади и ф’стаци

Од:

Вчера вечер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, заедно со пратениците од четвртата изборна единица, како и со претседателот на Комисијата за земјоделие во Собранието беше во посета на село Тимјаник, Неготинско за да поразговараат со лозарите.

Во Собранието на Република Македонија изминатите три дена се случуваше јавна расправа за состојбата во лозарството и откупот на грозјето, како што кажа Николоски, иницирана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на барање на лозарите од целиот Тиквешки регион.

„За жал власта на Заев и СДСМ си го покажаа вистинското лице, затоа што по три дена расправа решија да не ги поддржат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Кои што кратко ќе ги кажам:

Прво, гарантиран откуп на грозјето.

Второ, гарантирана цена која што ќе е 20% над производната цена. А, тоа значи некаде 18-тина денари по килограм, а не два односно 1.5 денар како што се откупува сега.

Понатака, зголемување на субвенциите по хектар, од постојни 48 на 96.000 денари.

Ослободување на земјоделците од плаќање на надоместок за земјиште, како и надоместок за вода.

И најбитното, државен интервентен откуп на сето грозје кое што не може да се откупи заради ниските цени кои што ги имаат лозарите.

Ова се всушност барања кои што ги има подолго време ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. А, кои што ги ветуваше Заев како опозиционер, а сега не ги решава“, рече Николоски.

„И ние единствено што побаравме да се издвојат десетина милиони евра од Буџетот, кои што можат да се најдат доколку се скратат оние непродуктивни расходи. Или да намалат со вртење на милионите во РЕК Битола. Или не се купуваат цветни аранжмани, чоколади и ф’стаци итн. во Владата. И тие средства се наменат за македонските лозари и македонските земјоделци.

За жал, власта на Заев тоа го доби со што го покажа вистинското лице, а тоа е дека не е на страна на народот, туку е на страна на зелената мафија.

Ние ќе продолжиме да се бориме заедно со народот, и затоа сме на терен. Имаме образ да се појавиме пред луѓето и заедно со народот ќе ја победиме зелената мафија со која што шефува лично Зоран Заев“, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вчерашната посета на село Тимјаник.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски