(ВИДЕО) Митева: Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно намалување на акцизата на горивата за 50%

Од:

„Вчера заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разговараше за актуелната политичка и економска состојба. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најновото покачување на цените на горивата го проценува како жесток социјален удар врз граѓаните, при што Владата не направи ништо истиот да се спречи и е последица на нејзината неспособност, не водењето на грижа за граѓаните и силна корумпираност“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оправдување не може да биде војната во Украина, со оглед на тоа што самиот претседател Пендаровски кажа дека државниот врв знаел за овие случувања најмалку 4 месеци порано, а владата на Заев и Ковачевски не направи ништо за да се спречи ценовниот шок.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата кај горивата за 50%.

Со оваа мерка дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%.

Дополнително, бараме и ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.

Воедно, бараме владата да го заштити стандардот на граѓаните и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите во јавниот сектор согласно коефициентот на тежина на работната сила прифатен согласно колективните договори“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина

Катерина Ѓуровски

​​​​​​​Левица: Слободата на медиумите се доведува во опасност секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Катерина Ѓуровски