(ВИДЕО) Мираковска: Повеќе пари кај граѓаните и ново финансиско олеснување, усвоен отпис на камата на долгови

Од:

„Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и условите за живот се наша приоритетна цел.

Со задоволство можам да соопштам дека со усвојувањето на Законот за отпишување на камата на долгови создадена е можноста да се отпишат долговите кои со години ги мачат илјадници семејства во Македонија.

Ова финансиско олеснување за граѓаните е конечно решение за граѓаните кои од 2011 година се соочуваат со огромни долгови по основ на камати за предмети, за кои не биле свесни ниту дека постојат, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршија кај извршителите“, рече Соња Мираковска, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„Покрај отписот на затезната односно казнената камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во Законот постои можност и за отпишување на каматите и за долговите за телевизија.

Истовремено со законското решение се намалуваат и трошоците на постапката, кои не можат да бидат повисоки од 20 проценти од нивните предјавени и утврдени трошоци. Се намалува и надоместокот што должниците го плаќаат на извршителите, нотарите и адвокатите за овие предмети.

Право на отпис на камата ќе може да оствари секој граѓанин должник, кој ќе го плати главниот долг и трошоците на постапката во рок од 12 месеци откако доверителите ќе донесат одлука за отпишување на каматите за наплата на долговите. Ваква Одлука доверителите се должни да донесат во рок од 10 дена од стапувањето на сила на овој Закон.

Заедно со останатите мерки и законски решенија, владејачкото мнозинство овозможува што повеќе пари да останат кај граѓаните, обезбедуваме подобра живејачка за нашите граѓани“, изјави Соња Мираковска, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Со законските измени се суспендира инспекцискиот надзор и се создава правна апсурдност и несигурност, реагира опозицијата

Катерина Ѓуровски

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Катерина Ѓуровски

Во Собранието седница за пратенички прашања

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство