(ВИДЕО) Кржаловски: Со ребалансот на буџетот СДСМ крати седум милиони евра наменети за младите

Од:

СДСМ во изминативе 2 години во кои е на власт докажа дека воопшто не се грижи за младите во Македонија. Ниту едно од ветувањата не е остварено. Напротив, постојано сме сведоци на нови кратења во инвестициите за креирање можности за младите, рече Лука Кржаловски претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– Негрижата на СДСМ за младите се покажа и со последниот ребаланс на буџетот. Со ребалансот, СДСМ крати од оние сектори кои се најважни за младите во Македонија. Цели 7 милиони евра. Владата на СДСМ крати цели 170 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски и ученичките домови. 48 милиони денари помалку средства ќе има за превод на книги од реномирани автори, а дури 87 милиони се кратат од средствата планирани за изградба и реконструкција на основни училишта. Тоа не е се. Владата на СДСМ крати 30 милиони денари од парите наменети за изградба на училишни спортски сали, 43 милиони денари помалку ќе има за изградба и реконструкција на средни училишта како и 50 милиони денари помалку за спортски објекти, рече Кржаловски.

Според него, затоа и резултатите биле поразителни.

– Македонија е на трето место во светот по младинска невработеност. Повеќе од 50 проценти од младите немаат работа иако голем дел од нив се и високо образовани. Штетните политики на СДСМ кон младите предизвикуваат егзодус на младите од државата. За младите не дојде животот кој им го ветуваше Заев. Но, за ВМРО-ДПМНЕ младите се врвен приоритет. Ние точно знаеме што им недостасува на младите и тоа ќе биде дел од партиската програма во наредниот период. Ќе ја вратиме надежта кај младите дека Македонија ќе победи. Младите ќе победат, рече Кржаловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС

Горан Наумовски