Последниве шест месеци поднесени се 1.000 кривични пријави против оние кои крадат струја.
Портпаролот на ЕВН Македонија Атанс Ковачевски, тврди дека борбата против оние кои се дрзнуваат да крадат струја координирано со полицијата ќе продолжи. Неовластеното поврзување на мрежата на ЕВН освен што било опасно по животот на оние кои го прават тоа е и оптоварување на мрежата, а тоа се илустрирало и преку се почестите пожари.
„Со измените на кривичниот закон мерката затвор од три се зголемувала на пет години, а глобите за неовластено користење на струја се движеле од 5.000 до 20.000 евра“ изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.
Бојан Стојановски