(ВИДЕО) Китев: Создаваме услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството

Од:

„Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците и унапредување на земјоделството.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште се реализира сериозна реформа на целокупниот сектор, но и се надминуваат реалните проблеми при доделување на земјоделско земјиште под закуп“, рече Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

„Со законските измени, се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Со цел поголема вклученост на младите земјоделци и отворање можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот.

Се отвора можност ако при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со тоа се става ред во електронското наддавање, се забрзува целата процедура, односно се спречува постапките да се повторуваат.

Со измените се овозможува изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделски производи. Со тоа ќе се овозможи зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и позитивно ќе се влијае на развојот на рурални средини преку рурален туризам.

Претходниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Сега, со измените им се овозможува и на тие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Ова се само дел од реформите во Законот за земјоделско земјиште што се во интерес на земјоделците.

Остануваме посветени на унапредување и развој на земјоделството, повеќе пари кај земјоделците и подобри услови за конкурентно земјоделско производство“, изјави Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он