(ВИДЕО) Калеска – Ванчева: Донесени мерки за заштеда на струја, домашното производство зголемено за 15 отсто

Од:

Со цел што полесно да се помине најтешката зима на енергетски план, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима. Овој план е со цел потрошувачката на електрична енергија да се намали за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година, првенствено за да се намалата трошоците за струја, а потоа и електричната енергија да биде достапна секому и секогаш. Електрична енергија оваа зима ќе има доволно, но од секој од нас зависи како и за што таа ќе се користи. И понатаму потребите за електрична енергија на ЕВН Хоум за граѓаните и малите потрошувачи ќе се задоволуваат исклучиво од наше сопствено домашно производство, без увоз на струја, изјави на денешната прес-конференција, Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека АД ЕСМ во првите седум месеци од 2022 година произведе за 15 проценти повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани. Зголеменото производство се должи на зголемувањето на производството од термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј од 40 отсто, додека целиот план за производство за 2022 година е направен со 20 отсто.

Но и покрај, ова важно е сите, од јавните установи и институции, преку приватните компании, па се до домаќинствата да ја намалат потрошувачката на електрична енергија. Јавните институции и државни претпријатија добија задолженија за намалување на потрошувачката на електричната енергија во периодот од први септември до 31 март 2023 година како што се, да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите јавни објекти и културни споменици. Да не се користи осветлување во внатрешните простории и канцелариите во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти, во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. Јавните институции, во рамките на буџетите, да инсталираат колекторски системи за загревање на вода, доколку тоа е разумно и исплатливо. Јавните институции целосно да го исклучат осветлувањето во излозите во период после работно време. Да се заменат старите сијалици со вжарено влакно со компактни флуоресцентни сијалици. Редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, односно клима уредите во работните простории.

Со почитување на овие задолженија и препораки ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, ќе се намалат сметките за струја и нема да дојде до загрозување на редовното снабдување на електричната енергија. Затоа, сите да се водиме од овие препораки во периодот што селдува, изјави Ванчева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дезертерот Ковачки не може да го одбрани криминалот на Мицкоски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, прави опструкции за бизнис интереси и лични богатења

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ, против стратешкиот интерес на замјава

Ана Ололовска

СДСМ: Арсовска само потврди, ВМРО ДПМНЕ е криминална партија

Ана Ололовска

Каевски: Институциите да ја испитаат улогата на Мицкоски во спорниот тендер

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

Катерина Павлова-Николовска