(ВИДЕО) Јаневски: Секоја власт сакаше да го пика носот во приватизацијата на „Пивара“

Од:

Светозар Јаневски, еден од најпознатите бизнисмени во Македонија, некогашен генерален директор на „Пивара“, а сега член на групацијата М-6 која ја поседува винаријата „Тиквеш“, најголема по капацитет на Балканот, беше гостин во емисијата „Патот до успехот“ на 24 в ести.

„Секоја власт сакаше да го пика носот во приватизацијата на „Пивара“. Од 95-98 контролите не излегоа од „Пивара“ барајќи да се пронајде било што, вели македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски.

Јаневски зборува за средношколските денови кога растоварал вреќи брашно, за почетоците во скопска „Пивара“ и за винаријата „Тиквеш“.

За оние кои го познаваат и работеле со него, Јаневски е човек која ја сака работата и не се штеди кога станува збор за бизнисот. Познат е и како човек кој доаѓа прв на работа а заминува последен.

Нема организација или поединец кој му се обратиле за помош, а да не ја добиле од него или од фирмата.

Еве дел од емисијата на 24 Вести.


Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана