Поранешниот гувернер на НБРМ и долгогодишен политичар, Петар Гошев во неделното интервју на Радио Слободна Европа, кое беше снимано непосредно пред решавањето на политичката криза вели дека нашето тапкање во место и нашето назадување продолжува. Тоа се политики на дезинтеграција.
Тоа, вели Гошев, се политики коишто го руинираат единството во земјата, тоа се политики коишто го уриваат интегритетот на Македонија, тоа се политики коишто создаваат конфликти по сите основи. Македонија денеска се движи во правец на дезинтеграција по сите можни линии.
„Ако владејачките елити не се свесни за тоа, не се одговорни за тоа, тешко дека процесите можат да тргнат на добро“, вели Гошев.
Начинот на кој се задолжува Македонија, според Гошев, темпото со кое се задолжува, особено последните 2-3 години е неодржливо. Самиот јавен долг исто така како големина е манипулиран од страна на власта, не е целиот вистински реално искажан. На страницата на Министерството за финансии се искажува само долгот на централната влада, тоа е директното задолжување на буџетот на Република Македонија и на јавните републички фондови. Тоа не е целиот јавен долг. Долгот на општините, долгот на јавните претпријатија, долгот на македонска банка за поддршка на развојот, долгот на централната банка.
„Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен. Тие ќе се обидат и наредната година да не задолжат со нови, можеби на нето основа 300 и повеќе милиони евра и тоа ќе биде натамошно додавање на износот на долгот, бидејќи оваа година тие едноставно не можеа да преживеат како актуелна власт без големи проблеми, ако не го извршеа ова задолжување. Заради ургентноста, итноста во која се доведоа, заради зависноста од задолжување во кое тие самите се доведоа, затоа и беше она насилство во парламентот, буџетот по секоја цена да биде донесен пред Нова Година, затоа што отворените грла што ги создадоа за финансирање зјаеја со огромни усти коишто треба да бидат пополнети со пари. Значи оттука произлегува и насилството да се донесе буџетот по секоја цена без оглед на каква повреда на деловничката процедура се врши и што сето тоа значи за демократскиот процес во Македонија“, вели Гошев.
Ако вака продолжиме, вели сè може да не снајде, ако навреме нема отрезнувањеи грчко, шпанско, португалско сценарио.
Целото интервју можете да го прочитате ОВДЕ.