Екс гувернерот Петар Гошев тврди дека владата попрво ќе го повтори 24. декември кога ги тепаше пратениците, отколку да се откаже од оданочување на придонесите, со оглед дека од таа ставка планира голем дел од приходите за буџетот.
-Кога ја спомнувам приходната страна, зголемувањето главно се должи на раст од придонесите за 4 милијарди и 14 милиони денари. Предвидено е дека овој раст ќе дојде од придинесите. Тоа е 63, 4 проценти од вкупниот раст на категоријата даноци и придонеси или над 52 проценти од вкупниот предвиден квантум на раст на приходите во 2015 година мислат дека ќе им дојдат од придонесите. Ова значи дека главните очекувања на приходната страна се оданочувања на хонорарите и договорите на дело, од тоа очекуваат зголелумување на оваа ставка. Тоа значи дека нема да се поколебаат и да се откажат од оданочувањето и да се откажат од овие приходи. Ако треба ќе го повторат 24. декември кога ги тепаа пратениците зашто без таа бројка им паѓа буџетот, рече Гошев.
Според Гошев кој правеше споредба на буџетот од 2006 година до 2013 година, јазот на приходите ии расходите станува поголем. Приходите се зголемени за 34,8 проценти, но расходите за 50,8 проценти. Ако се рачуна со 2015, според Гошев, кај вкупните расходи, апсолутниот раст од 2006 година кај расходите е во пораст од 72 проценти, бидејќи секоја година вкупните проходи потфрлаат.
-Дефицитот ќе биде поголем, долгот ќе биде поголем, но ќе се обидат да го скријат како и сите други податоци. Но ние го гледаме буџетот со фондовите, овде не се наоѓаат сите трошоци, сите кредити и камати што ги плаќа овој народ. Трошењето е уште поголемо што се гледа во овој буџет-ги нема кредитите од претпријатието јавни патишта, на железници и многу други.
Десет години слушаме за достигнување на владата, а тоа е ноторна лага.
Неписменоста и лажливоста на власта не се интерпретира само преку усмените интерпретации, туку и напишаните обрзложенија зашто прават нешто, се вистинска ризница за нивната неукост и манипулативност. Деновиве бевме сведоци за екстерното тестирање на студентите-некои аналитичари ги доловија и нестручноста и прикривање на вистинските мотиви на власта. Во доменот на економијата сме бомбардирани со вчудоневидувачка нестручност и извртување на вистината со лаги. Образложението –таму секогаш има вистински бисери на глупоста и невешти обиди на измама.
Според Гошев, галопирачкиот јавен долг ја поткопува не само економската туку и политичката стабилност на земјата, додека малото намалување на невработеноста се должи на емигирирањето од Македонија како и застрашувачкото вработување на партиски кадри во администрацијата.
-Не мислат дека стапката на сиромаштија во нивно време најмногу се искачи, дека е највисока во Европа. Ако е 100 сите пари се наоѓаат кај едно семејство, ако е нула сите имаат еднаков буџет на располагање. Ние сме како земјите во Латинска Америка и Африка. Не мислат дека со оваа фискална политика нееднаквоста достигна вртоглави височини. Не мислат дека да платиш трошоци од 1, 6 милиони евра за пат до Фиренца, не е строга контрола на финансиите, да ги шеташ сите идиоти кои разбираат и не разбираат. Не мислат дека стиропорните фасади и бетонски објекти во фекалиите на Вардар, не само што не е строга контрола на финасиите, туку е шизофренично мајтапење со сиромаштијата на овој народ и неговата традиција, рече Гошев.
-Одговоорно трвдам дека дефицитот не е 4, 1 проценти, тој е многу поголем, тој се крие во сите неисплатени приходи кон приватниот сектор. Значи продолжува мамењето, приватизацијата на нашите пари од една група, што досега не се случило во историјата на Македонија, рече Гошев.
Гошев заедно со Никола Поповски и Ванчо Узуновски, вечерва во ГЕМ клубот говореа на дебатата на тема „2015 низ призмата на Буџетот на Република Македонија“, во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.