(ВИДЕО) Деспотовски: Со попис до повеќе инвестиции и поголеми плати за работниците

Од:

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски во видео обраќање порачува дека пописот ќе придонесе земјава посериозно да излезе на картата на странските инвеститори и да се привлечат инвестиции со повисок квалитет. Тој очекува квалитетни податоци од пописот врз база на кои ќе се креираат реални политики и планови.

– Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила. И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат. Така што, тие податоци кои ги очекуваме од пописот поврзани со работата на ТИРЗ ќе помогнат многу и можам да изразам мое лично очекување, апел и желба да добиеме квалитетни податоци кои ќе ни помогнат да си ја завршиме нашата цел и нашата мисија, а тоа е многу повеќе странски инвеститори, односно многу повеќе и многу подобро платени работни места, вели Деспотовски.

Посочува дека еден од главните столбови на новиот концепт во работењето на ТИРЗ е да се привлечат странски инвестиции со поголем квалитет кои ќе донесат повеќе пари во буџетот, но и подобро платени места.

– Дополнително, целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати. За таа цел, ТИРЗ работи на развој на мерки и програми со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот и вложување во унапредување на вештините на домашните работници, истакнува Деспотовски.

Долгорочно, додава тој, ова е дел од стратегијата и начин на младите да им се обезбеди перспектива и иднина во земјава и да се спречи процесот на нивно иселување.

Би можело да ве интересира

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање