ВИДЕО: Цената на струјата нема да се зголеми, можно е да има и намалување според прогнозите на министерството за економија

Од:

Цената на струјата нема да се зголеми драстично од 1. јануари 2023 година, а Регулаторната комисија во моментов ги изработува податоците за определување на цената на струјата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши им порача на граѓаните да бидат спокојни затоа се прават проекции за двата правци и можни се поместувања на цената во надолна линија.

– Граѓаните да бидат спокојни во делот на снабдување со струја и со топлинска енергија. Нема да има драстично зголемување на цената од 1 јануари, можни се и поместувања во надолна линија. Се зависи од тоа што ќе утврди Регулаторната комисија откако ќе се направат соодветните анализи и проекции. Треба да се имаат во предвид и двете опции – рече Бектеши за најавите за зголемување на цената на струјата.

Од први јануари ДДВ за струјата треба да се врати од 5 на 10% и тоа може да има влијание на цената на струјата, како и трендот на намалување на цената на берзите.

Прашан зошто Македонија ќе увезува струја, а не се вклучува ТЕЦ Неготино за да ги покрие загубите и покрај максималното производство на домашните капацитети, Бектеши рече дека тоа е поисплатливо.

– Подобро е да увеземе струја од 200 евра за мегават-час отколку да произведеме струја со купен мазут во ТЕЦ Неготино која ќе не чини 240 евра за мегават-час.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите