(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Тевдовски со новиот Буџет паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок ги осиромашуваат граѓаните

Од:

„Буџетот кој криминогената власт го предлага за 2019 година е мегаломански, расипнички и дополнително ќе ги осиромаши граѓаните на Република Македонија.

Заев и Тевдовски со новиот Буџет паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок, директно ги осиромашуваат граѓаните и влијаат на нивниот живот и животен стандард.

Заев и Тевдовски во новиот мегаломански и ненароден Буџет за 2019 година предвидуваат да соберат од граѓаните приближно 1.981.000.000 евра или за 6.4% повеќе даноци во однос на 2018 година. Замислете, ако во 2018 година СДСМ собрале 1.862.000.000 евра по основ на даноци, во 2019 година со прогресивниот данок ќе соберат 120.000.000 евра повеќе и тоа директно од граѓаните“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Тевдовски со лошите реформи во даночниот систем ќе ги осиромашат граѓаните за дополнителни 120 милиони евра по основ на даноци кои ќе им ги соберат директно од џебовите на граѓаните. Најверојатно по примерот до сега тие пари ќе завршат во нечии џебови на луѓе и роднини блиски до Заев и до власта.

Заев и Тевдовски својата неспособност ја демонстрираа со проектирањето на новиот Буџет за 2019 година. Тие докажуваат дека ниту се способни, ниту пак знаат како да ја водат државата.

Во Македонија според последните извештаи има над 455.000 сиромашни кои живеат секојдневно во сиромаштија, капиталните инвестиции како што знаете се на историски најниско ниво, а проекциите за БДП од сите релевантни фактори се преполовени и се движат околу 1.5% раст до крајот на годината, а убедени сме дека и тоа ќе биде и многу полош резултат односно ќе биде и под 1.5%.

Со овие негативни параметри и со мегаломанскиот Буџет за 2019 година дополнително ќе се зголеми бројот на сиромашни во државава и граѓаните се повеќе ќе осиромашуваат, а пазарнитете цени како резултат на покачувањето на даноци се повеќе ќе се качуваат.

Затоа ги повикуваме Заев и Тевдовски и целото криминогено раководство на СДСМ да се вразумат и да ги редуцираат трошоците, да ја редуцираат својата даночна политика, бидејќи овој Буџет и граѓаните ниту можат да ја издржат економијата, ниту пак СДСМ има план и знаење како да ја кренат економијата со овој мегаломански најголем Буџет до сега. Повеќе од јасно е дека парите ќе завршат во нечии џебови кај фирмите на Заев, Анѓушев и другите блиски до СДСМ, а сите останати односно граѓаните нема да добијат ништо.

СДСМ не се способни да ја водат државата и се повеќе ја тонат. Затоа што побрзо си заминат од власт, толку подобро за граѓаните, а Република Македонија конечно ќе може да тргне напред!“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати