„Која ли ќе биде сега причината за пропаѓањето на тендерот со авио превозниците?
Развлекувањето на процедурата за јавниот повик за финансиска поддршка на авио компании од скопскиот и охридскиот аеродром е потенцијална опасност државата да остане без ниско буџетните летови.
Власта повторно удира по џебот на граѓаните“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Виз ер“ веќе еднаш укина неколку евтини летови, како последица на немање на договор со Владата на Република Македонија. Ние предупредивме дека доколку ситуацијата продолжи можно е целиот процес да пропадне, а граѓаните да останат без евтините летови, но на функционерите на СДСМ воопшто не им е гајле бидејќи имаат државни пари за да се расфрлаат и да летаат со луксузни аранжмани.
На Заев и Сугаревски не им беше гајле за нашите граѓани, кои преку овие летови можеа поевтино да стигнат до светските метрополи, но и да ги посетат, своите роднини и пријатели во странство.
Импровизацијата на власта може да ги чини граѓаните премногу пари. СДСМ не смее да си поигрува со мерката за евтини авио летови, проект на ВМРО-ДПМНЕ кој драстично ја зголеми фреквенцијата на патници на нашите аеродроми во Македонија.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ бројот на линиите константно се зголемуваше и се отвораа нови линии, а бројот на патници од скопскиот аеродром достигна милион. На тоа поле СДСМ нема никаков успех, туку и позитивниот тренд кој е резултат на проектите на ВМРО-ДПМНЕ е на пат да го уништи.
СДСМ треба да прекине да си игра со стратешки работи и ако не знае како треба да работи во интерес на граѓаните уште веднаш да си дадат оставка и да си заминат од власт. Владата треба да одговори, дали развлекувањето на процедурата има за цел да се изврши притисок врз авиопревозникот кој годишно превезува над 1 милион патници и дали со ваквото развлекување можеби се мести тендерот да го добие друга компанија по мерка на власта?
Неспособноста да се организира непречено функционирање на проектот евтини летови е само уште еден доказ дека оваа власт не знае да работи, ниту пак има на план да работи во корист на граѓаните“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.