(ВИДЕО) Арсовски: Неспособната Влада и министерот Тевдовски вчера направија нов долг од 98 милиони евра

Од:

„Неспособната Влада на Заев и министерот за задолжување Тевдовски вчера направија нов долг од 98 милиони евра.

Ова значи дека секој човек во Македонија од вчера е задолжен за 50 евра, а секое просечно четиричлено семејство е задолжено со 200 евра“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Толку од животот кој го ветуваа СДСМ, Заев, Тевдовски пред две години. Сега веќе и стравот дека јавниот долг во 2019 ќе биде 54,2% од БДП со нови 600 милиони евра нов долг почнува да изгледа оптимистичко сценарио.

Сите психолошки бариери оваа власт ги сруши, а ако се земе предвид дека целата економија крахира и тоне, прогнозите се с’е поцрни и поцрни. Годината според меѓународните финансиски институции ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст во регионот и во Европа.

Граѓаните освен со нови долгови кои речиси на неделна основа им ги товари владата на Зоран Заев, ќе бидат натоварени и со зголемени даноци, зголемени акцизи, инфлација на цени, зголемена сиромаштија и пад на стандардот кај граѓаните.

Станува јасно дека со оваа власт граѓаните ќе се поделат на две социјални категории, една ќе бидат членовите на криминалниот картел на власт кои се богатат и се блиски до Зоран Заев и СДСМ, а втората сите останати граѓани, вклучувајќи пензионери, работници, млади и сите останати.

Оваа власт колку подолго се задржи, толку поголеми последици ќе остави во животот на граѓаните. Тие немаат апсолутно никаква визија, знаење и капацитет да ја подобрат економијата во Република Македонија.

Нивниот принцип е купи ден помини, ама за жал го прават со кредити и секој нивен ден на власт граѓаните многу скапо го плаќаат во моментов, но и допрва скапо ќе ги плаќаат каматите во иднина.

Што побрзо си заминат, толку подобро за Македонија и толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред!“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати