„Кочо Анѓушев доживува меѓународна слава благодарение на продажбата на неговата фирма ЕДС на грчка влада.
Грчките медиуми се погласно зборуваат дека продажбата на компанијата ЕДС на грчката компанија е криминална.
Оттаму го пренесуваат прашањето кое ја засега и македонската јавност: Како е можно грчката компанија да купи компанија на Вицепремиерот на Владата на СДСМ која работи во загуби и има негативен кредитен рејтинг на само пред 2 месеци пред потпишувањето на преспанскиот договор помеѓу Република Грција и Република Македонија“, праша Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сумата која ја добива Кочо Анѓушев од страна на грчката компанија на своите лични сметки, потенцирам, на своите лични сметки, а не на сметки од групацијата од која била дел фирмата ЕДС изнесува 4.8 милиони евра.
Вицепремиерот на СДСМ, Кочо Анѓушев на само 2 месеца пред потпишување на договорот со Грција ја продал својата непрофитабилна фирма за близу 5 милиони евра.
Компанијата ЕДС во моментот едвај егзистирала, средствата и биле во износ од само 10.000 евра, имала катастрофални загуби и негативен кредитен рејтинг, што уште еднаш потврдува дека компанијата е во катастрофално тешка економска ситуација.
Дали Кочо Анѓушев со продавањето на компанијата, ги продал и државните интереси за цена од близу 5 милиони евра?
Зошто се крие билансот на состојбата од продажбата на компанијата ЕДС?
Уште поинтересно е зошто грчка компанија која функционира со загуби, што можевме и да видиме по грчките медиуми одлучува да одвои милиони евра за македонска компанија која функционира исто така со огромни загуби?
Очигледно е дека продавањето на компанијата ЕДС на Кочо Анѓушев е повеќе од скандалозно, бидејќи само после 2 месеци се потпишува преспанскиот договор, а Кочо Анѓушев е вицепремиерот кој во тие моменти почна јавно да го поддржува истиот договор.
Сега откако видовме за криминалните иновации на Кочо Анѓушев, за сите оние тендери кои ги добиваат неговите фирми, како и продажбата на компанијата ЕДС, јасно е колку чини зборот и чесноста на Кочо Анѓушев, а таа е очигледно неколку милиони евра.
На сите им беше јасно дека Кочо Анѓушев дојде на позицијата вицепремиер единствено за неговото лично богатење“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.