(ВИДЕО) Арсовски: Финансии ги задолжува граѓаните за околу 32.5 милиони евра

Од:

„Денес е денот кога СДСМ преку Министерството за финансии ги задолжува граѓаните за најверојатно нови околу 32.5 милиони евра.

32.5 милиони евра изнесува денешната аукција на Министерството за финансии преку која граѓаните на Република Македонија ќе бидат задолжени за огромна сума на пари.

Замислете ќе не задолжат 32.5 милиони евра, а единствен и најголем проект им се тендерите и државните пари што ги делат на фирмите на СДСМ и на членовите на СДСМ“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само денеска СДСМ го задолжува секое просечно 4-члено семејство за нови 4.000 денари.

Граѓаните тонат во долгови, не можат да врзат крај со крај, а СДСМ Заев, Анѓушев, Филипче, Шекеринска си делат народни пари по нивни блиски и фирми блиски до СДСМ.

Само изминативе 3 месеци јавниот и државниот долг вртоглаво пораснаа благодарение на недомаќинското работење на СДСМ.

Јавниот долг во изминативе 3 месеци СДСМ го зголемија за 54 милиони евра, додека пак државниот долг го зголемија за 29 милиони евра.

Или малку попрецизно, секој ден изминативе 3 месеци, јавниот долг се зголемува за над половина милион евра или поточно 580.645 евра дневно, додека пак државниот долг се зголемува секој ден за 311.827 евра.

На толку задолжувања реализацијата на капиталните проекти до сега е смешна исто како што е смешен и растот на БДП.

За само 1 година владеење на СДСМ, освен скандали, афери и криминали не видовме ниту една реална инвестиција за подобрување на животот на граѓаните.

Нема нови автопати, нема нови училишта, нема нови градинки, нема нови студентски домови, нема нови болници, нема повисоки субвенции за земјоделците, нема повисоки пензии за пензионерите, нема повисоки плати за вработените, едноставно нема ништо од тоа што ветуваа СДСМ во предизборието.

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ исто така бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50% од БДП.

Ова што го прават Република Македонија не ја води никаде, најмалку во Европа, освен што ја води во пропаст.

На крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат!“, изјави Димче Арсовски, пртпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски