(ВИДЕО) Арсовски: Дали со лошото работење со економијата се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери?

Од:

„Тевдовски и СДСМ денеска јавно ја признаа неспособноста на оваа влада да креира Буџет, а со тоа и признаа дека се неспособни да ја работат својата работа. Катастрофалното триото Заев – Анѓушев – Тевдовски се фалеа дека проектирале високо ниво на капитални инвестиции, а не се способни да реализираат ниту 1/4 од предвиденото, што досега претставува историско најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции.

Не треба да чуди тоа што ММФ и Светска банка излегоа со драстично намалено проекции за стапката на економски раст за оваа година во споредба што владата очекуваше претходно. Тевдовски конечно проектира пониска стапка на раст од 2.8% до крајот на годината, спротивно на она што пред неколку дена го тврдеше неговиот шеф Заев, дека наводно ќе ги оствареле фамозните 3.2% кога ММФ ја намали стапката на раст за оваа година на ниски 1.6%“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бизарно е и шизофрено префрлањето на вината од страна на Тевдовски на денешната прес кофнеренција во владата за потфрлањето на економскиот раст врз опозицијата од страна на владата која е неспособна да ја води економијата.

Лошите резултати во економијата се директна последица на лошите економски политики на СДСМ. Недозволиво е реализацијата на капитални инвестиции за осум месеци да биде 23.3%, недозволиво е да имаме пад во градежништвото од околу 30 %, недозволиво е државата да се задолжува енормно, а граѓаните да немаат реален бенефит од тоа.

Владата треба да одговори дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот?

Заев и Тевдовски не само што се покажаа неспособни да состават реален буџет, туку се гледа дека се неспособни да направат и ребаланс на не реално планираниот буџет за 2018 година. Владата требаше да му предложи на Собранието ребаланс на почетокот од јули, кога се виде дека реализацијата на капитални инвестиции е катастрофална.

Она што владата на Зоран Заев го утврдила на синоќешната вонредна седница е премалку и за жал е предоцна! Значајна сума на средства прибрани од граѓаните и од претпријатијата преку даноци и други давачки, кои беа наменети за поддршка на економски раст преку капитални инвестиции, остануваат неискористени, без никаков ефект во економијата.

Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив.

Овој ребаланс е класично лицемерие од страна на владата, бидејќи го предлага, а и самата не знае дали истиот ќе стигне на собраниска седница. Со ова дополнително ја зголемува неизвесноста кај економските субјекти, која веќе е и доволно висока поради вештачката криза во која што СДСМ ја втурнаа државата, со неоткажувањето од правно – политички мртвиот договор за промена на името“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он