(ВИДЕО) Ангеловска: До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 отсто

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека од почетокот на годинава до 15 април односно во првата половина од месецот повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти или за 20 милиони повеќе.

-Само во првата половина во април е зголемен поврат на ДДВ за 65 проценти во однос на истиот период минатата година, рече Ангеловска на прес-конференција на која беше соопштено дека се исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година.

Ангеловска исто така информираше и дека МФ и Народната банка и банките веќе се подготвуваат за исплата на пезниите кои опфаќаат 20 пати поголем број на граѓани отколку исплатата на субвенциите на тутунот, што беше најавено денеска.

-Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето и да се избегнат ризиците, најави Ангеловска.

Одговарајќи на новинарско прашање за колку тоа ќе се намали БДП, Ангеловска посочи на проекциите на Министерството за финансии.

-Ние солидно ја започнавме годината во првите два месеца, бидејќи ефектите од ударот на кризата веќе се почувствуваа во месец март, овие позитивни движења ќе се неутрализираат со ударот од март, но сепак очекуваме раст на економската активност. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал. Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција во економијата со износи од околу 15 проценти, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал, рече, меѓу другото, Ангеловска.

Министерката за финансии кажа дека Владата треба да ја донесе одлуката за изедначување на цените на нафтените деривати. Според анализите на Министерството за финансии, како што објасни Ангеловска, тоа треба да се случи, имајќи ги предвид тековните слуќувања со цената на нафтата.

-Минатата недела имавме состанок и презентирање на начелните фискални ефекти и анализи, земајќи ги предвид сите ефекти и фактори, а на состанокот беа вклучени и стопанските комори, дел од претставниците на транспортните компании и Регулаторната комисија за енергетика. Анализите кои ги правиме се во насока, и пред се, бидејќи сметаме дека има економска логика и разумност бидејќи се создадени предуслови за носење на ваква одлука, рече миистерката.

Акцизите се навистина значаен приход во Буџетот, потенцира таа.

-Кај нас цената на нафтените деривати е значително пониска од сите земји во регионот, акцизата исто така е значително пониска, и не разговараме за трајно зголемување, туку за антикризна мерка, која значи за доброто на сите. Во вакви услови при вакви падови на цената на нафтата имаме можност да ја надополниме дупката во буџетските приходи по основ на акцизата, рече Ангеловска додавајќи дека и екстралесната нафт е вклучена во анализите, кои не се насока за комплетно изедначување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ