Вицепремиерот Анѓушев се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Економската соработка помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, како и поддршката на САД за реализација на проекти преку УСАИД со особен фокус на проектите кои се во тек и се однесуваат на енергетската ефикасност, поттикнување на извозот и поддршка и развој на земјоделството беа тема на разговор на денешната среба меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Анѓушев и Бејли, информираат од Кабинетот на вицепремиерот, се согласија дека Република Македонија и Соединетите Американски Држави се пријателски држави, дека економската соработка е на високо ниво, а воедно истакнаа дека ќе се прават дополнителни напори за натамошно интензивирање на соработката, со што Република Македонија дополнително ќе се доближи до НАТО и Европската унија.

Амбадорот Бејли го честиташе именувањето на Анѓушев на позицијата вицепремиер за економски прашања, посака успех во работата и изрази надеж дека новата реформска Влада со својата работа ќе придонесе за побрз развој на економијата и подобар живот на граѓаните.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека ќе го искористи сето свое знаење и искуства стекнати во приватниот сектор за креирање и имплементација на економски политики кои ќе придонесат Македонија да се развива со побрза динамика и дека граѓаните многу брзо ќе ги почувствуваат ефектите од политиките што новата Влада ќе ги спроведува во наредниот период.

На средбата присуствуваше и Џејмс Стејн од УСАИД, како и претставници од економскиот сектор на американската амбасада.

Би можело да ве интересира

Градење кариери, не само дипломци: Heidelberg Faculty of Skopje во партнерство со водечки компании во банкарството и осигурувањето

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците