Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Од:

Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во свеот, компанијата „Ракутен Вибер“ соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Фејсбук.

– Злоупотреба на кориснички податоци и неможноста да се спротиставиме на насилната реторика на Фејсбук, ги преминаа сите мерки, поради што Вибер презема соодветни мерки, како на пример суспендирање на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки на контакт од неговата платформа за да заштити повеќе од милијарда од нејзините корисници, пишува во соопштението.

Главниот извшен директор на Вибер, Џамел Агауа изјави дека Фејсбук продолжува да ја толкува својата улога на погрешен начин во современиот свет.

–Компанијата што се карактеризира со несовесен став кон податоците на корисниците и недостаток на приватност во своите апликации, а сега и шокантен недостаток на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилен говор што го загрозува општествениот поредок и мирот. Не дека ние сме толкувачи на вистината, но вистината е дека многу луѓе доживеале непријатности од неограниченото ширење на насилна содржина, а компаниите едноставно треба јасно да се спротивстават на овој феномен, истакна Агауа.

Активностите што ќе резултираат со отстранување на точките за контакт со Фејсбук од апликацијата Вибер, ќе бидат завршени до почетокот на јули 2020 година, додека закупот за рекламен простор на Фејсбук веднаш ќе биде отстранет, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска

Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома

Ана Ололовска