Половина од вработените во Фејсбук ќе работат од дома

Од:

Генералниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг најави дека очекува дека во следните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да работат од дома.

Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на Соединетите Американски Држави каде трошоците за живот се пониски отколку во Силиконската долина.

– Ние плаќаме многу добро, всушност најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај, рече Закерберг.

Во „Фејсбук“ се вработени околу 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални централи во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработените кои живеат во близина на тие градови.

Според Скај њуз, сè уште не е познато каков финансиски ефект врз компанијата ќе има трансферот на голем број вработени на работа од дома, но додава дека покрај одредени заштеди кога станува збор за имот, храна и, потенцијално, заработка, предвид треба да се земе и обезбедувањето опрема за таква работа, што би можело да излезе скапо.

Би можело да ве интересира

Фејсбук отстрани лажни профили поврзани со бразилскиот претседател

Ана Ололовска

Канадски компании се откажуваат од рекламирање на Фејсбук

Ана Ололовска

Фејсбук ќе ги обележува потенцијално штетните објави

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Фејсбук отстрани реклами на Трамп поради говор на омраза

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска