Ватикан замрзна околу два милиона евра сомнителни пари во минатата година во рамки на борба против перење пари објавена од папата Франциско.
Средствата се дел од вкупна сума од околу 13 милиони евра замрзнати меѓу 2013 и 2016 година.
Лани службата за финансиска контрола на Ватикан соошти дека затворила речиси 5.000 сомнителни сметки во рамки на тригодишна истрага за работењето на Банката на Ватикан која претходно беше дел од скандал во 80-те години од минатиот век.