Васко Илијевски од АСОМ: Новиот закон за игри на среќа ќе остави на улица 10.000 работници

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници предупреди дека предлогот на Владата за нови законски измени во Законот за игри на среќа ќе ги натера да стават клуч на врата.

– Ќе се изгаси индустријата со 10.000 работници на улица. Кој има корист од носење на ваков закон по кратка постапка и со европско знаменце. Ќе ја известиме ЕУ за ова. Владата во нечиј интерес носи ваков закон и зошто предлог законот не е достапен и зошто се носат измените без консултација со нас. Предупредуваме дека ако се стави клуч на врата на легалните обложувалници, ќе има нелегално обложување. Пример е Албанија која ги забрани игрите на среќа па потоа следуваа неделни апсења за обложување на диво – рече претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници, Васко Илијиевски.

Владата на вчерашната седница го утврди Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии со кој се предвидува деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Ова не е регулирано со постојниот закон.

Со новиот предлог закон се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) АПИС до пратениците: Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

Горан Наумовски

Претставници на АПИС на средба со потпретседателот на Собранието и координаторот на пратеничката група на коалицијата „Можеме“

АПИС: Денеска остваривме средба со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник ќе имаме средба со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

АПИС: Денеска остваривме средба со координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник ќе имаме средба со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Горан Наумовски

Австрискиот амбасадор до пратениците: ЕУ знаме за новиот закон за игри на среќа не смее да има

Ана Ололовска

Здружение на вработени во сектор Игри на среќа – Сакам да работам: Предупредување за специјалната кампања против легалните игри на среќа

Ана Ололовска