„Вашингтон пост“: „Вранец“ меѓу најдобрите вина од Балканот и Мала Азија

Од:

Американскиот „Вашингтон пост“ го смести виното „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година на винаријата „Стоби“ меѓу најквалитетните вина од Балканот и од Мала Азија.

Стручњакот Дејв Мекинтаер кој пишува за овој престижен американски медиум во текстот објавен месецов во тесната селекција го става „Вранец“ меѓу петте исклучителни вина од Балканот.

– Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба, посочува Мекинтаер.

Деновиве и американскиот весник „Инфорум“, како и критичарот Рон Смит за „Пино Ноар“ истакна дека станува збор за вино кое вреди да се побара и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.

Критичарот на „Инфорум“ посочува дека „Пино Ноар“ е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода.

– Поттекнува од Градско кое е на иста географска ширина со Бургундија и со Руската речна долина и регионот е познат по нивните вина „Пино Ноар“ и „Шардоне, пишува Рон Смит.

Македонската винарија е лоцирана во општина Градско, веднаш до античкиот локалитет Стоби, и годишно произведува околу 4,5 милиони литри вино.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8