Варуфакис: Договорот меѓу Грција и кредиторите ќе биде постигнат на почетокот на јуни

Од:

На седница на атинската трговско-индустриска група министерот за финансии на Грција Јанис Варуфакис изрази увереност дека договорот меѓу Атина и нејзините кредитори ќе биде потпишан во првата недела на јуни, јави ТАСС.

Договор со нашите партнери ќе има во првите денови на јуни и тоа ќе вклучува реформи, неопходни за завршување на претходната програма, а исто така и за новата програма за развој на Грција, истакна Варуфакис.

На прашањето дали ќе учествува ММФ во новата спасувачка програма, Варуфакис истакна, дека нема никакви идеолошки проблеми во однос на учеството на ММФ. Ако фондот сака понатамошно учество, тоа ќе биде разговарано, но сметам дека е подобро договорот да биде склучен меѓу Грција и ЕУ, истакна тој.

Грција и меѓународните кредитори треба да согласат нов план за реформи на земјата, кои ќе доведат до деблокирање на последната транша од помошта во висина од 7,2 милијарди евра и до договор за нова програма за понатамошно финансирање.

Сегашната спасувачка програма беше договорена до крајот на минатата година, но нејзиниот рок беше продолжуван најпрво за два, а потоа за уште четири месеци и таа е валдина до крајот на јуни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит