Вајдман: Кризните резерви на Бундесбанк се недоволни при излез на Грција од еврозоната

Од:

Гувернерот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Вајдман ја предупредил Владата во Берлин за загубите, што институцијата ќе ги претрпи при евентуалното излегување на Грција од еврозоната, објави германскиот весник „Ханделсблат“.

Како што пренесе ТАСС, на владината седница од 1 јули Вајдман посочил дека при евентуален излез на Грција од Монетарната унија, Бундесбанк нема да може во државната каса да ги внесе вообичаените суми.

Министерството за финансии досега очекуваше од Централната банка да има годишна заработка од 2,5 милијарди евра.

Според Вајдман, евентуалните загуби од „Грекзит“ треба да бидат пресметани и при составувањето на државниот буџет.

Бундесбанк во резерва чува 14,4 милијарди евра за непредвидливи трошоци при кризи во еврозоната. Овие резерви, меѓутоа, како што се чини, нема да бидат доволни при излегувањето на Грција од Еврозоната, забележа „Ханделсблат“.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски