Вајдман: Борбата со кризата во еврозоната ќе трае уште некое време

Од:

Причините за кризата во еврозоната се уште не се отстранети и владите на држави со финансиски проблеми од валутниот сојуз не треба да ги намалуваат напорите за консолидирање на свооте буџети.

Тоа го изјави шефот на германската Централна банка (Deutsche Bundesbank) Јенс Вајдман во интервју за  Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг.

– Уште долго време нема да може да се отстранат сите причини за кризата, вели тој.

Според него, ако политичарите не посакаат повеќе да се борат со кризата и чекаат централната банка да „ги вади костените од оган“, тоа ќе придонесе да се влоши состојбата во европската економија.

Би можело да ве интересира

Британска влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа