Утре утврдување највисоки цени на дел од зеленчукот и овошјето

Од:

Домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон, се дел од зеленчукот и овошјето за кои утре ќе се утврдуваат највисоките цени.

Како што соопшти министерот за економија на својот фејсбук профил, анализите на податоците за овие производи се завршени.

-Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, наведува Бектеши.

Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестените, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама.

Би можело да ве интересира

„ВЕРО“ со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

Горан Наумовски

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

ВИДЕО: СДСМ тврди дека нема намалување на цените

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

Од денеска цените на дел од прехранбените производи треба да бидат намалени

Катерина Ѓуровски