СДСМ: Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

Од:

Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат.Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари, велат од СДСМ.

– Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните. Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните. Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, заборавени се оние кои се на функции на денот на трагедијата

Горан Наумовски

Мицкоски за протестите: Политичките глодари се обидуваат преку трагедии да добијат политички поени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани

А1он

Ниту ВМРО, ниту свети ВМРО нема да му помогнело на градоначалникот на Кочани ако имал вина, тврди премиерот

Премиерот вели дека не прави ПР со посетите на повредените: Ги почитувам протоколите

Катерина Ѓуровски