Утре истекува рокот за поднесување на барања за субвенции за ориз, градинарски или овошни култури

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува земјоделските производители на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи дека утре истекува рокот за аплицирање за добивање на финансиска поддршка.

Пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа да не надминува над 5,5 тони по хектар,026 од род 2018 година и истиот да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година.
Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставува Потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

До утре е и рокот за поднесување на барањата за добивање на финансиска поддршка
За органските производители за следните намени:

– За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,
– За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,
– За стrучна контрола и сертификација и
– За анализа на својствата на почва и производи.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Сите информации и потребни документи може да се најдат во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Оризопроизводителите ќе добијат дополнителна субвенција од шест денари по килограм оризова арпа

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето