Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување го усвои Полугодипшниот извештај за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во 2025 година

Од:

Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 21 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2025 година.

Претседателката на Управниот одбор Јасмина Вукичевиќ рече дека Извештајот ја отсликува работата на Фондот во наведениот период. Таа додаде дека очекува и во наредниот период да се продолжи со остварување на зацртаните цели и целосно да се реализира Планот за работата на Фондот за 2025 година.

Директорот на Фондот, Никола Мемов рече дека главната цел во работата на Фондот е навремената исплата на пензиите, што се прави, како и решавањето на предметите во законски утврдените рокови. Со тоа, додаде тој, услугите што се во надлежност на Фондот ќе им се испорачуваат на граѓаните навремено и нема да има никакви застои во работата.

Директорката на секторот за финансии во Фондот, Фатиме Неџипи пред членовите на Управниот одбор го образложи Полугодишниот извештај и рече дека во изминатите шест месеци Фондот работел со избалансирани приходи и расходи, а пензиите се исплаќани навремено. Таа рече дека во наведениот период вкупните остварени приходи во период јануари-јуни во 2025 година во однос на истиот период во 2024 година се повисоки за 12,94 oтсто, додека вкупните расходи во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваат 64.741,63 милиони денари и во однос на расходите во истиот период во 2024 година се повисоки за 13,88 проценти. Неџипи додаде дека бројот на корисници на пензии е зголемен за 1748 лица., а за посмртна помош Фондот има исплатено средства во висина од 286.458,780 денари на семејствата на 8192 починати корисници на пензија.

Управниот одбор на Фондот на седницата усвои и Предлог – одлука за овластување лица за полноважно потпишување и располагање со средствата на жиро – сметките на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како и Предлог – одлука за усвојување на Извештај за расход на движни ствари.
На седницата беа разгледани и други информации од надлежност на Управниот одбор.

Би можело да ве интересира

Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на Светска банка

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионери , Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Горан Наумовски

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Горан Наумовски