УПОЗ реагира за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и за судските службеници

Од:

Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) реагира на одлуката на Судскиот буџетски совет со која додатоците на плата на судиите за септември и октомври се зголемени за 10 проценти, а на судската администрација за пет отсто.

Според Синдикатот, со ваквата одлука се привилегира една категорија на вработени во однос на останатите бидејќи износот на додатоци на плата за судиите изнесува од шест до 8.000 илјади денари месечно, а за судските службеници од 500 до 1.500 денари.

– Ваквата состојба предизвикува револт во редовите на вработените во судските службеници. Револтот произлегува бидејќи отсуствува критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има легитимно право да бара од Судскиот буџетски совет одговор врз кој критериум една категорија на вработени е привилегирана и добива додаток на плата двојно повисок од судските службеници, рече на денешната прес-конференција Сашо Темелковски од Здружението на судски службеници.

Од Синдикатот велат дека ваквата одлука може да ја корегира само Судскиот буџетски совет кој има независен буџет.

Бараат корекција на ваквата одлука, како и конечна исплата на задржаните плати за време на штрајкот за сите вработени и итно донесување на правилникот за судска полиција.

– Доколку бидеме игнорирани од страна на Судскиот буџетски совет, следната недела стапуваме во протест сите судови, а ќе размислуваме и за други начини на бојкот на работата и последното решение на синдикатот секогаш е штрајкот, рече Трпе Дејаноски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски