Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) ќе достават амандмани до Собранието на Република Македонија во врска со Предлог буџетот за 2018 година кои се однесуваат на регулирањето на платите во јавната администрација.
Од УПОЗ бараат од Владата, Министерството за финасии и од пратеничките групи да има претставници на Синдикатот кога Предлог буџетот ќе се разгледува во собраниските комисии.
– Со Предлог буџетот за 2018 година предвидено е покачување на плати само во еден дел од администрацијата, односно само за вработените во здравството, образованието и одбраната. Синдикатот на УПОЗ тоа го одобрува, но предочува дека има незадоволство за ова парцијално решение од преостанатиот дел од администарцијата, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на УПОЗ за администрација Васе Неданоски.