Украина доби дополнителни 150 милиони долари од Светска банка

Од:

Светската банка ќе ја финансира Украина со дополнителни 150 милиони долари за социјални програми, посебно за лицата со ниски примања кои се загрозени од епидемијата на Ковид-19, се наведува во денешното соопштение на СБ.

Одлуката е донесена денеска од Советот на директори на банката.

Парите ќе се искористат за проширување на државната социјална помош за семејствата со ниски доходи, како и за програмите за нивна станбена поддршка. Еднократна исплата ќе има и за повозрасните лица и оние кои примаат социјална помош поради хендикепираност.

Со овие пари ќе се финансираат и старт-ап мали бизниси, за обука на сиромашните во нови вештини, барање работа или отварање нов бизнис. Оваа програма се нарекува „Рака за помош“ и е наменета пред се за внатрешно раселените лица поради конфликтот во источниот дел на Украина. Преку неа 230 лица досега отвориле свои бизниси во повеќе градови и населени места низ земјата.

Покрај тоа, 50 милиони долари ќе бидат потрошени во борбата против новиот коронавирус.

Претходно, Киев од СБ доби заем во вредност од 135 милиони долари за реформи во здравствениот систем на земјата.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски