Украина целосно го гарантира транзитот на руски гас за ЕУ

Од:

Украина целосно го гарантира транзитот на руски гас за земјите од Европската унија, изјави украинскиот заменик-премиер Јуриј Бојко.

– Транзитот е ветувачки и се спроведува во согласност со наредбите, кои доаѓаат од „Газпром“ и од европските земји, нагласи Бојко.

Тој напомена дека гаранциите за транзитот целосно се почитуваат и покрај тоа што Украина и Русија не постигнале договор за ревидирање на спогодбата за откуп на гас.

Бојко додаде дека по две недели украинските подземни складишта ќе бидат наполнети со доволнo количeство гас за претстојната грејна сезона.

– Нема да дојде до појава на катаклизми, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија има сила успешно да ја заврши војната во Украина дури и без нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Украина е подготвена да премине на прекин на огнот што е можно поскоро

Песков: Целта на велигденското примирје беше да се тестира решителноста на Украина да бара мирно решение

Зеленски: САД ќе работат на обезбедување воздушна одбрана на Украина

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Украина напаѓа руски цркви со дронови