Укинат пунктот за наплата на ЕВН во Кавадарци, кавадарчани реагираат, од компанијата смируваат

Од:

Пунктот за наплата на ЕВН во Кавадарци е укинат, на што реагираат кавадарчани дека сите не се информатички писмени за да плаќаат електронски. Се жалат дека вчера во пошта имало гужва за наплата, а немало систем со реден број. Има и такви кои сакаат да имаат печат и потпис од лицето кое им наплатило.

Ленче Карпузовска, менаџер на Оддел за комуникации во ЕВН, за МИА вели дека платниот промет не е суштинска дејност на компанијата, тоа е работа на банките.

– Корисниците имаат можност да платат во сите банки и пошти. За олеснување на плаќањето, воведени се и нови “онлајн” сервиси, електронска фактура и електронски плаќања. Начините на плаќање ги има на секоја сметка. Приемните канцеларии остануваат и корисниците можат да ги добијат сите потребни услуги, освен плаќање, нагласува таа.

Додава дека наплатните пунктови се затвораат во фази, не само во Кавадарци и целта е да се затворат сите.

На стравот на кавадарчани од провизија во банките и времето на раскнижувањето, Карпузовска одговара дека провизијата ја плаќа ЕВН.

-Нема задоцнување ако банката го внесе бројот на корисник и бројот на фактура. Автоматски се раскнижува, децидна е таа.

Би можело да ве интересира

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он