Угостителите од НУК се жалат дека градоначалничката Арсовска ги игнорира

Од:

Независната угостителска комора реагира дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не одговорила на нивното барање за средба.

„Дали навистина граѓаните, гостите и угостителите на Град Скопје добија независен Градоначалник или бившата Претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија и неговите членки си добија сопствен Градоначалник“, прашуваат од Комората во дописот до јавноста.

Оттаму велат дека тие, на 25 ноември годинава, до градоначалничка на Град Скопје доставиле барање за работна средба – работен појадок со угостителите од Град Скопје и дискусија за унапредување на угостителската индустрија во Град Скопје, додека на први декември доставиле и потсетување на поканата за работна средба – работен појадок со угостителите од Град Скопје.

„Дури и двата телефонските разговори со секретарката на Кабинетот на градоначалничката на телефонскиот број 02-3297204 за информација за очекување на добивање повратна информација и предновогодишен термин за организирање на работната средба, не вродија со резултат на добивање конкретен одговор, што не води до заклучокот и прашањето за тоа со каков градоначалник ќе ја развиваме угостителската индустрија во градот Скопје“, пишуваат од НУК во својот допис до медиумите.

Нагласуваат дека во изминатиот период пред и после локалните избори ниту еден кандидат за градоначалник не се обратил до Независната угостителска комора да ја презентира својата предлог програма и идеи за поддршка и развој на угостителска индустрија на локално ниво во Македонија и да побара предлози и поддршка од комората и угостителите за нејзино унапредување.

„Со цел да можеме да се запознаеме повеќе со програмите, плановите и идеите што Градоначалниците ги планираат за развој и поддршка на угостителите и угостителскиот сектор и да ги информираме за очекувањата и проблемите со кои угостителите на локално ниво се соочувале во минатото работење започнавме со барања за организирање на годишни работни средби. Првото барање е доставено до Градоначалничката на Град Скопје со цел да се запознаеме со нејзината програма за поддршка, развој и унапредување на работењето на угостителите и ноќниот живот. Во иницијалното барање доставивме предлози на генерални точки за дискусија и тоа:

Планирани активности и стратегии на Град Скопје поврзани со угостителите и угостителската индустрија за време на мандатот на новата градоначалничка Данела Арсовска

Можности и начини на соработка со Градот Скопје и македонските општини односно ЗЕЛС за начини и бенефити од креирање на единствен заеднички национален регистар на угостителски објекти, сместувачки објекти од мал обем и регистар на физички лица што вршат угостителска дејност

Барање за отворање на Канцеларија за ноќен живот и култура и именување на Градоначалник за ноќен живот по примерот на останатите Европски главни градови за промоција на ноќниот живот

Предлози, насоки и стратегии за развој на угостителската индустрија во Град Скопје од страна на угостителите со барање за усогласување на постојните правилници на локално ниво поврзани со угостителската индустрија.

Жално е што и покрај потсетувањето и телефонските контакти веќе трета недела немаме никаков одговор. Прашањето што би сакале на овој начин да го доставиме до градоначалничката на Град Скопје е: дали градоначалничката на Град Скопје воопшто планира да се сретне со претставници на НУК и претставници на реномирани угостители на град Скопје или своите работни средби и понатаму ќе ги прави позади затворена врата само со угостители членки на ССК“, прашуваат од НУК.

Игнорантскиот однос, според нив, им укажувал дека „или новата градоначалничка ниту имала ниту планира никаква програма и идеја за поддршка, развој и унапредување на работењето на градските угостители или едноставно и просто кажано нема намера воопшто да се замара со угостителите на град Скопје кои не се членки на Сојузот на стопански комори на Македонија“.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

(ВИДЕО) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип

Горан Наумовски

Општина Гостивар и нуди помош на Арсовска за аплицирање за проекти за финасирање од Владата