Тутунот со поголем род и повисока цена

Од:

Со поголем род од очекуваниот и повисока цена ќе заврши годинашниот откуп на тутунот.

Според последните податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преземени се преку 25.000 тони тутун што е 5.000 тони повеќе од првичните проценки за целата реколта 2016.

Постигната е просечна цена од 196,82 денара за килограм или 14 денари повеќе од ланската која изнесуваше 182 денара.

Исплатата за преземениот тутун е 98 отсто реализирана. Досега се исплaтени 4,848 милијарди денари.

Годинава тутун откупуваа девет претпријатија на вкупно 130 пунктови, а се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Законскиот рок за откуп завршува на 15 март, но поголемиот дел од пунктовите се веќе затворени. Ако некои производители дополнително пријават количини за откуп, откупното претпријатие, согласно Законот, е должно да одреди ден кога ќе го отвори пунктот за да ги преземе количините.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Откупот на тутунот е при крај, просечната откупна цена е 400 денари

Царина заплени 780 килограми тутун вреден 3,4 милиони денари

Тутунот се расадува, се предвидува добра производствена година

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун