Турскиот мега скандал со нелегално обложување – порака и за македонските политичари

Од:

Во октомври, додека во Македонија траеше кампањата за локалните избори, турските медиуми ја разоткрија една од најголемите афери со нелегално обложување во спортот. Според информациите, 371 од вкупно 571 фудбалски судии во Турција имале отворени налози за обложување, а 149 од нив биле суспендирани од Турската фудбалска федерација.

Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на популарната платформа за парични трансакции „Папара“, поради сомневања за перење пари и нелегални трансакции поврзани со онлајн игри на среќа. Според турските медиуми, дел од финансиските траги воделе и кон Македонија – преку трансфери правени од турски студенти.

Турција има една од најстрогите забрани за игри на среќа во Европа, а ваквиот скандал, како што пишува во колумна претставникот на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, Горан Стоименов, претставува „невиден преседан кој ги нагризува етичките вредности и религиозни принципи што Анкара сака да ги прикаже пред светот“.

„Не е случајно што Судот во Истанбул побарал притвор за 21 лице – меѓу кои и 17 судии и еден претседател на прволигашки клуб. Претседателот на Турската фудбалска федерација го нарече овој скандал ‘морална криза’“, пишува Стоименов.

Според Стоименов, турскиот пример е јасна порака за македонските политичари – дека целосната забрана на игрите на среќа секогаш создава услови за појава на нелегални алтернативи.

„Целосната забрана секогаш, без исклучок, создава предуслови за барање алтернативни, па дури и незаконски начини за играње,“ предупредува Стоименов, додавајќи дека тоа најчесто води до „диви играчници по подруми, врз кои ниту една држава, без разлика колку е силна, не може да има контрола“, смета Стоименов.

Тој потсетува и на примерите од регионот. Во Албанија, по четиригодишна забрана, владата повторно дозволи легални игри на среќа, со образложение дека забраната довела до процут на црниот пазар. Во Грција, пак, властите дозволија 36 илјади апарати за игри на среќа, откако забележале дека илјадници Грци секојдневно патуваат во Гевгелија за да играат.

Во колумната, Стоименов нагласува дека најголем дел од денешните скандали се поврзани со онлајн игрите на среќа, кои преку интернет и мобилни телефони се достапни за сите, во секое време. Затоа, авторот предупредува дека иницијативите за ограничување на физичките објекти за игри на среќа не даваат резултат.

„Предлозите за воведување дистанца за објектите за игри на среќа не се решение, туку гол популизам. Тоа не ја прави младината повеќе заштитена, туку само им дава политички поени на одредени партиски центри,“ пишува Стоименов.

Тој додава дека вистинскиот начин за регулирање на индустријата е инклузивен пристап, во кој ќе учествуваат асоцијациите на приредувачи и самите вработени, бидејќи „нивната експертиза и практично искуство се од непроценлива важност“.

Стоименов потсетува дека и за време на последната изборна кампања, некои кандидати се обидоа да соберат поени со ветувања за забрани на рекламирање на легални игри на среќа.

„Во интерес на јавноста треба да се каже дека легалните игри на среќа во Македонија обезбедуваат најмалку 280 милиони евра годишни приходи во државниот буџет,“ наведува Стоименов.

Тој потсетува и дека индустријата вработува над 10 илјади луѓе, а компаниите редовно инвестираат во општествено одговорни проекти – од донации до поддршка на младите.

„Немаме дилема дека младината мора да биде заштитена од било какво влијание, но исто така е крајно време некои политичари да станат свесни за сопствената одговорност и за вокабуларот кој го користат во политичката дебата,“ завршува Стоименов.

Би можело да ве интересира

АПИС апелира до Владата да не го предлага новиот Закон за игри на среќа во собрание: „Предизборната реторика ќе ја загрози одржливоста на регулативата“

АПИС: Признание за сите пратеници кои одбранија 10 илјади работни места

АПИС до пратениците: Не се станува ЕУ член со селективно почитување на европските стандарди

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

A1on

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески

„Сакам да работам“: Зошто скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа се поважни од реформата на јавната администрација?

Горан Наумовски