Турски компании заинтересирани за инвестиции во енергетиката и градежништвото

Од:

Претставници на турски компании, членки на Деловниот совет Турција – Северна Македонија при Бордот за надворешно економски односи, денеска, на средба со премиерот Зоран Заев и економските министри, се интересирале за условите за работа и поддршката од државата за нови инвестиции во енергетскиот сектор и градежништвото.

Од владината прес-служба соопштија дека вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги објаснил процедурите за државна поддршка за нови инвестиции во фотоволтаични напонски централи и најавил дека е во финална фаза подготовката на тендерската постапка.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, зборувал за рударскиот сектор и процедурите за издавање концесии за ископ на мермер и соопштил дека ќе има зголемувањена концесиите за експлоатација на метални и неметални суровини за 75 проценти.

– На средбата гостите изразија голема поддршка за храбрите чекори што ги направи нашата земја кон полноправно членство во НАТО со оценка дека тоа е важен предуслов за обезбедување на стабилна бизнис клима и привлекување на нови странски директни инвестиции, се наведува во соопштението.

Премиерот Заев, информираат од Владата, ги нагласил одличната соработка и традиционалното пријателство помеѓу двете земји како значаен мотив за интензивирање на економските и трговски релации преку поврзување на бизнисите и искористување на големиот потенцијал за економска соработка.

– Ја посетивте нашата земја во исклучително важен историски период за нас. Како што знаете, Република Северна Македонија многу бргу ќе биде и полноправна членка на НАТО, а ќе започне и преговори со ЕУ, што е важен предуслов за економски развој. Оваа година очекуваме да биде економска година за нас. Имаме одлична соработка со сите турски компании кои работат во нашата земја, а во иднина очекуваме и многу нови турски инвестиции, рекол Заев.

На средбата присуствувал и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана