Турски бизнисмени од Адијаман ги истражуваат можностите за соработка со македонски компании

Од:

Текстилната индустрија, производството на мермер, земјоделството, сточарството, рударството и туризмот се секторите за кои се заинтересирани да соработуваат бизнисмените од Адијаман, Источна Турција кои денеска претстојуваат во Македонија.

На бизнис форумот, што се одржа во Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), беа презентирани потенцијалите за инвестирање во Македонија, а се одржаа и тет-а-тет средби со цел да се разгледаат можностите за соработка меѓу македонските и турските компании.

– Македонија е една од позначајните држави во која може да се инвестира и транзитно да се работи на сите пазари со кои државата има слободна трговија. Се надевам дека оваа денешна средба ќе вроди со плод. Сакаме да ги збратимиме и Градот Скопје со Адијаман, изјави Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО.

Трговската размена меѓу Македонија и Трција минатата година била 420 милиони американски долари, но од Стопанската комора на Адијаман сметаа дека има потенцијал за интензивирање на оваа соработка.

– Трговската размена изнесува околу 400 милиони американски долари, но сметаме дека тоа не е доволно. Токму затоа сме присутни тука со цел да се интензивира размената. Ова е само почеток на нашата идна соработка и ќе ни биде задоволство во блиска иднина да ни бидат гости претставници од МАТТО, истакна Мустафа Услу, претседател на Стопанската комора на Адијаман.

Според шефот на трговското претставништво на Република Турција во Македонија, Буњамин Кутлу, Македонија има поволни услови за инвестирање и затоа е упатена покана за соработка до турските бизнисмени.

– Организираме разни програми и активности со коишто овозможуваме турските компании да дојдат во Македонија и да се запознаат со условите за инвестирање, но истовремено организираме и програми со кои стопанствениците од Македонија ги испраќаме на саеми во Турција каде воспоставуваат контакти за идна соработка, рече Кутлу.

На денешниот македонско-труски бизнис форум присутни се компании од прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото, рударството и туризмот.

Турските бизнисмени пред посетата во Македонија, беа во Србија, а потоа заминуваат за Косово.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски