Турската лира останува стабилна и покрај американските санкции

Од:

Турската лира останува стабилна и покрај новите американски санкции воведени против Турција поради нејзината офанзива во Сирија.

Минатата година, зголемените тарифи за турскиот челик и алуминиум имаа негативен ефект врз економијата на земјата.

Кога Турција ја почна офанзивата во североисточна Сирија, САД неколку пати се заканија дека ќе ја уништат нејзината економија со санкции. Тие официјално беа објавени во понеделникот, а Вашингтон бара итно запирање на воената операција.

Турската лира засега е стабилна. Девизниот курс остана на 5,89 турски лири за еден долар. Пред тоа, кога вредноста на доларот се зголеми, луѓето во редици чекаа да купат долари. Но сега нема никој, изјавил за локалните медиуми вработен во менувачница.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија